“Fairytale of Erasmus – world” е Еразмус + младинска размена која ќе се одржи од 2 до 10 октомври 2021 година во Соботин, Република Чешка, преку која им се дава можност на млади од различни профили да рефлектираат за различноста, меѓу-културниот и меѓу-религискиот дијалог преку бајки, да се запознаат со различни методи на неформално образование со цел да се подигне свеста за човековите права и да се поттикне развој на потребни меки вештини во нивниот личен и професионален живот.
Преку проектот, младите ќе ги гледаат бајките низ призмата на диверзитетот на културите и различните држави, ќе дискутираат како се прекршени некои од човековите права и како може да се изменат тие приказни.
Профил на учесници:
- Млади кои се заинтересирани за темата
- Возраст: 16 – 30 години
- Солидно познавање на англиски јазик
Домаќин организација Cesta razvoje, обезбедува 275 евра за трошоци за патување, сместување и храна во текот на размената.
Повеќе информации можете да најдете на инфо пакетот.
Аплицирање
- Пополнете го формуларот на следниот линк.
Рокот за аплицирање е до 15.08.2021 години.
За дополнителни информации, може да не контактирате на [email protected].