Мислиш дека треба да се направи промена во твојата општина?
Не знаеш како да ја направиш промената која сакаш да ја видиш?
Потребна ти е поддршка?
Тука е одборот на Младинските Локални Банки!
ДА ДА, добро прочита. Младите од одборот се тука да помогнат, за ТИ да можеш да ги реализираш промените во твојата општина. Младите кои досега се дел од младинските банки поминаа низ три модули, преку кои се стекнаа со вештини и алатки за да можат да дадат максимална поддршка на проектите. Тие детектираа предизвици во рамки на секоја општина засебно, пристапија кон воспоставување на комуникација со локалните власти, а следниот чекор е ти да смислиш проект и да аплицираш.
Младите можат со поддршка од Амбасадата на САД во Северна Македонија, во соработка со општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров ја спроведува програмата Младински локални банки. Главна цел на програмата е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.
Веруваме дека ова изгледа предизвикувачки за млада личност како тебе. Ако си жител на општина Аеродром, Карпош или Ѓорче Петров, ние те охрабруваме да го превземеш првиот чекор кон промената во твојата општина.
Повеќе информации за програмата и начинот на аплицирање, можеш да прочиташ на следниот линк.