Како да реализирам проект? Како да стигнам до поддршка на некоја активност? Одговорите на овие прашања ќе бидат одговорени на „Тренингот за проектирање“ кој ќе се одржи во Холандија од страна на нашиот долгогодишен партнер Cherry International Foundation.

Тренингот за проектирање е 6 дневен настан каде ќе имате можност да научите како да стекнете средства и поддршка за реализација на проекти, активности, настани, фестивали итн. Како да ги менаџирате овие активности и како да ги вклучите младите од почетокот до крајот на проектите.

Начинот на работа ќе биде со искуствено учење. Целиот систем на работата на тренингот е основана на неформална едукација. Овој метод базиран на експериментално учење вклучува огро и активности во кои ќе искусите модели/симулации на реалниот живот.

Што можам да добијам од учество на овој тренинг?

  • Учење на работна медологија за проекти
  • Учење како да се стекнат средства за проекти
  • Вклучување на млади во младински проекти
  • Користење на младинска работа како алатка за влијаење на општеството
  • Како да се комуницира поефективно со засегнати страни

Датумите за овој тренинг се:

  • Датум за пристигнување: 27.11 по 12 часот
  • Тренингот од 27.11 од 20 часот до 3 декември до 21 часот
  • Датум за заминување: 4 декември пред 10 часот

Локацијата на овој тренингот ќе биде во групно сместување во Олде Вехте Фондацијата. Таму има капацитет од 12 соби кои имаат капацитет од 2-6 луѓе секоја.

Финансии:

  • Партиципација за учество од 50 евра кои треба да се подмират на почеток на тренингот
  • Трошоци за патување ќе бидат покриени по тренингот во висина од 275 евра
  • Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите подмируваат 50% од висината на партиципација.

Доколку си заинтересиран/а, можеш да аплицираш со пополнување на формуларот и испраќање на истиот до [email protected] најдоцна до 25.09.2019. Предметот на мејлот треба да биде „Application for Projecting“ (без наводниците).

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].