Младински работник си? Сакаш да ги зголемиш капацитетите за работа со млади на темите лидерство, социјално претприемништво и врсничка одговорност? Доколку одговорот е позитивен, овој повик е за тебе! Младите можат ќе испрати 4 учесници на тренинг „Inspire – social innovation & leadership“ кој ќе се одржи од 12 до 25ти ноември 2019 во Slettestrand, Данска.
Тренингот е наменет за младински работници со 3 цели:
- Да ги засили капацитетите на младинските работници за промоција на општествена иновација и претприемништво меѓу младите.
- Да ги поддржи младинските работници во развивање на младите во поглед на лидерство и врсничка одговорност
- Да ја засили мрежата меѓу младински организации во Европа се со цел поголема кохезија меѓу младите.
По тренингот, младинските работници ќе можат да развиваат лидетство, креативност и иновација меѓу младите како и да бидат поддршка на младите во нивните социјални претприемачки иницијативи.
Критериуми за учество се:
- над 18 години
- директна одговорност во работа со млади
- одлично познавање на англиски јазик
- да можат да учествуваат на целиот тренинг
- организирање на настан за дисеминирање
- да ја разберат и да се согласуваат со декларацијата за учество
Доколку си заинтересиран/а, можеш да аплицираш на линкот до 23.09.2019та до 23:59 часот. Повеќе информации можеш да најдеш во Call for Participants.
Размената е финансирана од страна на Еразмус + програмата. Организаторот на оваа размена обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Данска – Македонија) до 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување).
Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат и истите подмируваат 50% од висината на партиципација.
Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте не на [email protected].