На 15.04 2019, се одржа првата инфо сесија на тимот Umbra од активното членство на Младите можат во СУГС Гимназија „Георги Димитров”. За време на сесијата се дискутираше за концептот на “Job shadowing” во склоп на темата за кариерна ориентација за кој ученците покажаа голем интерес и веднаш ја сфатија суштината и ефикасноста на истиот.
Заклучоците од самата сесија беа дека овој метод може да им помогне во иднина за градење на нивната кариера и дека може многу да се развие конкретно кај нас.
Тимот кој ја одржи инфо сесијата беше многу задоволен од богатата дискусија, како и од самата заинтересираност што ја покажаа учениците од училиштето..
Повеќе информации за концептот “Job Shadowing” како и да целта на иницијативата Umbra можете да причитате на овој линк: https://youthcan.org.mk/umbra-initsijativa-za-job-shadowing-na-aktivnoto-chlenstvo-na-mladite-mozhat/
Останете во тек, следуваат уште инфо сесии и во други средни училишта!