??Минатата среда, на 10ти април, 2019 г. со многу позитивна енергија и добро расположение во Цреша бар се одржа првиот настан организиран од тимот за Ментално здравје на активното членство на Младите можат – #GoNuts [Дискусија за ментална култура].?
??Настанот започна со вовед во менталната култура од страна на Проф. д-р Орхидеја Шурбановска – професор на Институт за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје и Светлана Аспровска-Тодорович – психолог во средното училиште “Георги Димитров” во Скопје. Предавањето беше проследено со одговарање на анонимните прашања кои ги поставија присутните.
?Тимот им благодари на посетеноста и вниманието на присутните млади како и на стручните лица за големата помош. Сето ова заедно предизвика уште поголема мотивација да се работи повеќе во наредниот период и да го направиме следниот чекор кон промената.