24ти и 25ти ноември 2018та година. Викенд наменет за мотивација, инспирација вмрежување и успех. Петти по ред, традиционален Мотивациски викенд. Салата Империјал во Македонска опера и балет повторно ќе биде епицентарот на огромен број мотивирани млади кои ќе имаат можност да ги чујат успесите и неуспесите на овогодинешните говорници.
Мотивациски викенд претставува поддршка на младите да ги остварат своите сништа, да го унапредат својот живот и го искористат својот потенцијал. Да стекнат знаења, вештини и техники со помош на кои ќе научат како да бидат она што го посакуваат и да станат најдобра верзија од самите себе. Мотивацијата е главниот двигател кој овозможува да се постигнат саканите цели и да ги поттикне младите да го остварат она што го сакаат во својот живот.
Мотивациски викенд претставува настан преку кој младите се трансформираат во млади луѓе чија визија станува остварлива. Начинот на кој ќе им се пристапи претставува важна алка во креирањето на единствен настан според своите цели и изборот на таргет групата.
Целта на Мотивациски викенд е да ги мотивираме младите да работат на себе, на приватен и професионален план, преку успешни луѓе кои ја споделуваат својата приказна за досегашните успеси и падови,и работилници за личен и професионален развој.
- Специфична цел 1: Младите луѓе во Македонија се инспирирани и мотивирани да го преземат првиот чекор кон остварување на своите цели преку споделување на лични приказни на домашни и странски успешни говорници.
- Специфичнa цел 2: Младите луѓе во Македонија ги развиваат своите вештини и знаења корисни за нивниот личен и професионален напредок преку организирање на работилници со едукативен карактер користејќи ги методите на неформалното образование.
- Специфична цел 3: Поттикнување на соработка помеѓу младите кои се на прагот кон остварување на своите соништа и успешни лица од различни професии преку организирање нетворкинг забава во склоп на самиот настан.
Настанот Мотивациски викенд 5 е во реализација на Младите можат, а со поддршка од фондацијата Schuler Helfen Leben од Германија.