Мрежата на младински банки – Македонија е неформалнa мрежа на граѓански организации која има за цел да застапува создавање услови за што поголема младинска вработеност преку моделот на младински банки. Моделот на младински банки предвидува создавање на младински фондови кои ќе вклучуваат средства од општините, граѓанскиот и бизнис секторот, наменети за финансирање локални иницијативи и проекти на неформални групи млади.
Мрежата е основана во декември 2017 од страна на ЦЕФЕ Битола, Младински совет Прилеп, Порака Нова од Струга, Младински сојуз – Крушево, предводени од Асоцијацијата за едукација Младиинфо Интернационал кои и впрочем заседаваат со мрежата, притоа користејќи го знаењето и искуството на Мозаик Фондација од Босна и Херцеговина. Денес Мрежата на младински банки – Македонија брои 13 членови меѓу кои и новите осум членки: Мултикултура, Младите можат, Волонтерски Центар Скопје, Инова Лаб Битола, Здружение за културна соработка ИНТЕРКУЛТУРА, Здружение за мултикултурна интеграција – Инклузија, ЛАГ Агро Лидер, Платформа за зајакнување на младите – Гостивар.
Мрежата на младински банки во овој состав ќе делува во 4 региони во Македонија (Скопски, Полошки, Југозападен и Пелагонија), со цел да се воспостави новиот и иновативен модел во Македонија кој ќе треба да донесе клучни промени во младинското вработување. Преку овој модел, не само што младите ќе бидат тие кои ќе поднесат иницијативи за нивната заедница, туку и тие ќе располагаат со средствата и токму младите ќе одлучуваат каков тип на проекти да се поддржат. На овој начин, младите учат претприемнички и вештини за вработување (препознавање на проблем, пристап кон барање решенија, градење партнерства, пишување проектна апликација, менаџирање проект, комуникација со медиуми), но и животни вештини (работа во тим, стекнување самодоверба, иницијативност, иновативност, грижа за заедницата, солидарност).
Проектот Мрежа на младински банки – Македонија е поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Youth Banks Network Macedonia is informal network of youth CSOs who work on enabling legal, policy and business environment for youth employment through a model of Youth Banks in Macedonia (YB). The youth banks model understand formation of local funds in which financial means from the municipalities, as well as from the civil and business sector will be channeled, with an aim to finance community actions and initiatives by young people.
YBNM has been established in December 2017, as part of the identically named project, by CEFE Bitola, Youth Alliance Krushevo, Youth Council Prilep, Poraka Nova from Struga and led by the Association for Education Mladiinfo International that acts as President of the Network at the moment. In addition, YBNM benefits from the know-how and experience of Mozaik Foundation from Bosnia and Herzegovina, which has been implementing this model for 9 years now in their country. Today, Youth Banks Network Macedonia has 13 member-organizations, together with our 8 new members: Multikultura from Tetovo, Youth Can from Skopje, Volunteer Center Skopje, Innova Lab – Bitola, Organization for cultural collaboration Interkultura from Skopje, Association for multicultural integration – Inkluzija from Ohrid, LAG Agro Lider – Krivogashtani, as well as Youth Empowerment Platform – Gostivar.
Nonetheless, YBNM is active in 4 regions in Macedonia: Skopje, Polog, Pelagonija and South-West region. There, it will advocate for introduction of youth banks model on local level which should bring positive changes and employability of youngsters. Using this model, youth not only will act as project applicants and implement local community initiatives, but also the young people will be the ones deciding what kind of small projects should receive financial support and be implemented, estimating what the local community needs are. Thus, youth will not only gain entrepreneurship and employability skills (problem identification, solution-oriented approach, partnerships-building, project writing, project management, communication with media), but also they benefit from numerous life skills (team work, confidence-building, sense of initiative, innovativeness, taking care of the local community, solidarity).
The Youth Banks Network Macedonia project has been funded by USAID’s Civic Engagement Project.