Дали си размислувал/а да организираш активности кои ти се интересни? Сакаш да волонтираш? Сакаш да работиш со деца и млади?

Тогаш оваа можност е за тебе! Од 01 септември 2018 до 30 јули 2019 година можеш да волонтираш во Лоѓ, Полска!

Доколку си заинтересиран/а да работиш со деца, сакаш да правиш кул работилници на тема одредена од тебе – можеш тоа да го правиш во FERSO. Одбирајќи тема на која сметаш дека можеш да организираш надворешни настани, работилници и слични настани – можеш да стекнеш различни компетенции.

Можете да го погледнете видеото кое го направиле волонтерите минатата година.

Сите трошоци за сместување, храна, локален транспорт и пат, часови по Полски јазик како и џепарлак се покриени од страна на организацијата и Еразмус + програмата.

Дополнителни информации можете да најдате на инфо пакетот –> EVS_FERSO_practical-information

Како да аплицираш? – Симни ја апликацијата за учество, пополни ја и прати ја на [email protected] до 30 јуни 2018та.

Доколку имате дополнителни прашања, слободно контактирајте нè на [email protected].