Спремни за летна авантура во Холандија заедно со уште 50тина млади луѓе од 10 земји од Европа?
Младите можат е партнерска организација на Еразмус+ проектот “Back 2 basics”, организиран од страна на Cherry International Foundation, кој вклучува две активности:
– Advanced Planning Visit (APV) – средба за подготовка на младинска размена која веќе се одржа на 5ти и 6ти мај, во Омен, Холандија и на истата учествуваа тим лидерот и еден учесник од тимот кој ќе оди на размената.
– Младинска размена “Back to Basics” – од 2ри до 17ти август, исто така во Омен, Холандија
Целта на проектот е 60 млади од различни земји (на возраст 15-21 година) од Европа да го развијат својот претприемачки дух и своите вештини и да се стекнат со едно прекрасно меѓународно искуство.
Отвораме повик за 3ца учесници на размената. Периодот на одржување на размената е од 2ри до 17ти август, а локацијата е во близина на Омен, Холандија. Организаторот на овој проект обезбедува рефундирање на патните трошоци до 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од негова страна (сместување, храна).
Начин на пријавување: Пополнување на апликацискиот формулар кој можете да го најдете на овој линк
Рок за пријавување: 13ти мај, недела, 20:00.
Одбраните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција ќе имаат активните членови на Младите можат и истите се ослободени од плаќање на партиципација. Како да станете активен член на Младите можат може да прочитате на овој линк.