Младите можат распишува повик за Заменик Извршен директор, како дел од Извршната канцеларија на организацијата
Заменик Извршниот директор ги има следниве задачи:
- Асистира на Извршниот директор во раководење на извршната канцеларија
- Одговорен е за изработка на месечен календар на активности на Младите можат
- Одговорен е за административната документација во рамки на работењето на организацијата
- Дава предлози и мислења за зголемена организираност на извршната канцеларија
- Извршува задачи делегирани од Извршниот директор
- Одговорен е за подготовка на состаноците на Извршната канцеларија
- Асистира во креирање на буџетот на организацијата
- Заедно со Извршниот директор дава насоки за подобрување на програмите и активностите на организацијата
- Поднесува месечен извештај за својата работа до Извршниот директор на организацијата
- Остварува редовна комуникација со членовите на Извршната канцеларија
Кандидатите за оваа позиција потребно е да ги исполнуваат следниве услови:
- Минимум едногодишно искуство во младинска организација
- Минимум едногодишно искуство со планирање, подготвување и спроведување на младинскипроекти и имплементирање на акции;
- Искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови на младинска организација;
- Запознаеност со младинските прашања и потреби во земјата;
- Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма;
- Комуникациски вештини и вештини за лобирање;
- Способност за индивидуална работа и работа во тим.
Сите заинтересирани кандидати, кои ги исполнуваат горенаведените услови, потребно е да ја испратат својата кратка биографија, заедно со мотивациско писмо најдоцна до 10 јули 2017, на [email protected] со наслов „Апликација за Заменик Генерален секретар“.
*НАПОМЕНА: Функцијата Заменик Генерален секретар е на волонтерска основа и за истата не е предвиден паричен надомест.