Крајот на месец јануари за тројца активни млади претставуваше вистински предизвик и авантура која не се заборава!
Во периодот од 30.01.2010 до 08.02.2020 беше реализиран Еразмус+ проект на кој учествуваа Елена, Ана и Иван заедно со уште други 21 млади луѓе од 8 различни земји. Тренингот на тема ,, Process of changes” , оддржан во Јавор, Полска претставуваше вистински предизвик и авантура за тројца млади претставници од Македонија. Секој ден беше различна можност за сите млади да научат нешто повеќе за себе, за тимот и за луѓето од нивното опкружување. Тие покрај тоа што запознаа нови луѓе, се стекнаа и со мошне корисни техники за решавање конфликт, ефикасно решавање на проблем во тимот и откривање на нивните позитивни и негативни карактеристики.
Овој тренинг овозможи знаења поврзани со тоа како да даваме и примаме конструктивна критика, какви алатки треба да се користат во еден тим за да се има хармонија и продуктивност, како да ги препознаеме различните видови на личности со кои работиме и каков треба да ни е пристапот со нив, но сево ова имавме можност да го стекнеме како знаење не само преку активностите, туку и општо преку секој момент поминат заедно, бидејќи се она што го правевме во текот на активностите продолжуваше и за време на паузите. За време на целиот тренинг се чувствуваше сигурноста во групата, секој споделуваше секакви искуства, знаења и не знаења и сите учеа од сите, без разлика на годините, едноставно никој не дозволи тоа да биде пречка. Самата организација и целиот концепт беше одличен, а особено моментот дека секоја вечер имавме посебни групи во кои споделувавме што ни се допаѓало дента, а што не, додаваше на вредноста на целиот проект, а со тоа и на самата тема – Process of change.
Иако, секој ден им беше исполнет со обуки и постојана работа, тие за време на вечерите имаа одлична можност ужте повеќе да се запознаат и поврзат со останатите млади и секако можност за интерактивни игри и забава до бескрај! Она што е исклучително забавно за Еразмус проектите тоа со сигурност се интеркултурните вечери. Секоја од земјите учеснички успеа да ги презентира освноните белези и вредности на нивните држави како и да ја презентира сопствената традиционална храна. Низ игри, песни и танци младите станаа поблиски не само до нинвата туки и до другите култури!
Особено нешто во што уживаа беа топлите и друштвени прошетки на еднодневната екскурзија во градот Вроцлав. Успеаја да се запознаат со полскиот живот и со главните атракции на градот.
„Благодарна сум што имав шанса да бидам дел од овој процес, тренинг кој не само што продре до јадрото на Тим Билдингот, туку овозможи сите учесници повеќе да дојдат во допир со себе си – за своите јаки страни, своите слаби страни, приоритети, желби, цели, а најважно од се’ како да остават трага во општеството и како да го направат тоа во тим. “ – Елена Пауноска, учесник на проектот „Process of change“