Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на обучувач за тренинг обуката „Преку суштинска критика до видлива промена“ кој се организира во рамките на проектот „Се за младите“, спроведуван од Младите можат, а со поддршка на Европската унија.

Тренерот се очекува да почне со работа на 9.11.2023 година, а целиот ангажман завршува на почеток на месец декември истата година.

Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик, обучувачот треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за обука за развивање вештини на критичко размислување, аргументирано пишување и начини на истражување кај младите;
  • Спроведување на тренинг обуки во 4 модули за 20 млади во Скопје;
  • Спроведување на менторска поддршка за изработка на истражувања;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.

Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

Потребни квалификации

  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство со држење на обуки и работилници за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на обучувачот
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака:  Понуда за обучувач на тренинг обуката „Преку суштинска критика до видлива промена“. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање:  25.10.2023, 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].