Дали уживаш да бидеш дел од промената? Дали ти претставува задоволство да работиш со млади луѓе и да придонесуваш кон нивниот успех? Те мотивираат амбициозни млади луѓе кои сакаат да бидат лидери во заедницата? Сакаш да го пренесеш своето знаење и искуство и да помогнеш за нивниот личен развој? Ако имаш позитивен одговор на овие прашања тогаш овој повик е посветен на тебе!
Здружение на граѓани Младите можат објавува повик за ментори за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Целта на креирање на базата на ментори е да обезбеди постојана поддршка, развој и поддржувачка средина за локалните координатори кои ќе дејствуваат локално во општините низ нашата држава.
Што е менторство?
Менторство е процес на давање на поддршка и совети на индивидуи или групи со цел да ги осознаат начините на кој можат да го подобрат своето работење и начинот на фукнционирање.
Менторството на локалните координатори не е начин за да се наметне и каже на тимот како да ја постигне целта, ниту можност менторот сам да ја сработи целата работа во име на тимот. Менторството е градење на однос со тимот и индивидуите каде што менторот го поттикнува тимот самиот да дојде до решението за остварување на целта и создавање на влијание во локалната заедница.
Критериуми за ментор:
- Да си на возраст од 20 до 30 години;
- Да имаш минимум две години искуство во директна работа со млади со посебен фокус на менторирање на индивидуи и групи и искуство во дејствување на локални ниво.;
- Да имаш мотивација за континуиран личен и професионален развој;
- Да размислуваш “надвор од кутијата”;
- Да демонстрираш позитивен став кон работата и да делуваш како позитивен пример на останатите.
Што се очекува од менторот?
При менторирањето, менторот треба да ги поттикне лицата:
- Да се стекнат со нови знаења;
- Да добијат увид во секојдневното работење на локалните бизниси и локалната власт;
- Да можат да ги идентификуваат своите предности и слабости;
- Да стекнат поголема самодоверба;
- Да развијат нови вештини за работење;
- Да ги зајакнат меѓучовечките односи во групата;
- Да размислуваат да дејствуваат на локални ниво
- Да влијаат врз својата локална заедница
Менторите за време на менторскиот ангажман се должни:
- Да одржуваат редовна комуникација со проектниот координатор;
- Да одржуваат состаноци со локалните координатори;
- Да изготвуваат извештаи за својата работа;
Начин на аплицирање:
- Испрати ни твое CV со назнака Апликација за ментор, на [email protected]
Рокот за аплицирање истекува на 08.10.2024. Изборот на менторите кои ќе бидат дел од базата на ментори ќе биде направен од страна на тимот на Извршната канцеларија на Младите Можат и членови на Управниот одбор.
Доколку уште нешто сакаш да прашаш, слободно обрати ни се на [email protected]