1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за градење на капацитети на локални координатори како дел од локалното дејствување на организацијата, во рамки на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Во рамките на активноста, Младите можат има потреба од ангажирање на:

  • Лице/а за одржување на три кратки обуки за локалните координатори на теми поврзани со младинско учество, застапување и лидерство во заедницата, во текот на октомври-ноември во Скопје и онлајн.
  1. Опис на работен ангажман
  • Подготовка на агенда и програма за кратки обуки за локални координатори
  • Одржување на три кратки обуки за локални координатори, во Скопје и онлајн
  • Редовна комуникација и консултација со проектниот координатор
  • Подготвување и доставување на извештај по одржување на обуките
  1. Потребни квалификации
  • Минимум двегодишно искуство во работа со млади и локално дејствување;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност, посветеност;
  • Докажани способности за планирање, менаџирање на време и имплементација на обуки од зачеток до финално известување;
  • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходн активности или проектот).
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа/План за работа/Агенда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер/и за Младинско учество, застапување и лидерство. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 08.10.2024, 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]