Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за обука на врснички едукатори за ментално здравје за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за млади кои претходно имаат искуство во неформално образование и граѓански сектор.

Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за обука за врснички едукатори за ментално здравје;
  • Спроведување на тренинг за 20 млади;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати

Тренерот/тимот на тренери треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

Потребни квалификации

  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во областа на врсничката едукација и/или држење на обуки и работилници за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понудасо методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер/и за обука на врснички едукатори за ментално здравје. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 25.09.2024., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]