1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на експерт/ка за ревидирање на програма за ментално здравје за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Програмата опфаќа теми поврзани со позитивниот развој на средношколците и унапредување на состојбите со менталното здравје во рамки на училиштата.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
• Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот проект);
• Увид во програмата и подготовка на нацрт план за најзино ревидирање ;
• Организирање на консултативни средби со други засегнати страни (врснички едукатори, млади, психолози и слично);
• Собирање, анализирање и преработка на коментари и препораки ;
• Подготовка на финална верзија од програмата;

Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во областа ментално здравје и благосостојба;
    • Искуство во креирање на прирачници и програми за работа со млади;
    • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти);
    • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
    • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
    • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
    • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
    • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
    • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
• Кратка биографија на експертот/ката
• Финансиска понуда со методологија

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за експерт/ка за ревидирање програма за ментално здравје. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 25.09.2024, 23:59.

Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]