1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува јавен оглас за ангажирање на тренер/и за Програмата за градење на капацитети за кариерно советување на наставници во рамки на проектот “All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за наставници кои предаваат од прва до четврта година средно гимназиско и стручно образование и треба да се одржи согласно потребите на веќе подготвената програма за кариерно советување.

Обуките се очекуваат да започнат во текот на месец Октомври. Планирано е обуките да се спроведуваат во живо, во Скопје.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик тренерот/е треба да ги спроведе следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на агенда најдоцна 7 дена пред одржување на обуката;
  • Спроведување на тренинг за наставници во средните училишта;
  • Следење на имплементацијата на програмата во училиштата во почетните месеци;
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати
  • Тренерот/тимот на тренери треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 5-годишно релевантно работно искуство во областа на кариерното советување
  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во држење на обуки и работилници;
  • Искуство во креирање на програми за обука;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за средношколци;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер/и за Програмата за градење на капацитети за кариерно советување. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 30.09.2024г., 23:59.

За да добиете увид во програмата и/или прашања во врска со истата обратете се на [email protected]