Вовед
Здружението на граѓани Младите можат во рамки на проектот „All for you(th)!“ финансиран од Европската комисија објавува повик за прибирање на понуди за реализирање на кампања за ментално здравје.
Опис на ангaжман и критериуми
За потребите на проектот Здружението на граѓани Младите можат објавува повик за изработка на промотивна кампања која вклучува:
- Изработка на маркетинг план
- Изработка на слоган и креиративи
- Изработка на ПР соопштенија
- Други активности во рамки на кампањата
Ангажманот ќе трае од 1 април до 15 јуни 2025 година.
На повикот може да аплицираат поединци или тимови (физички или правни лица) кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Искуство во креирање на промотивни кампањи.
- Искуство во креирање на аудио-визуелни содржини (постери, видеа, содржини за социјални медиуми).
- Се препорачува искуство во креирање на пристап и содржини привлечни за наведената таргет група.
- Иновативност, креативност и флексибилност.
При процесот на селекција ќе се земат предвид квалитет, искуството и финансиската понуда.
Процес на аплицирање
Заинтересираните поединци или тимови потребно е да достават:
- Кратка биографија со работно портфолио и
- Финансиска понуда.
Потребните документи се доставуваат на [email protected] најдоцна до 28.02.2025 до 23:59 часот.
За повеќе инфомации поврзани со повикот може да се обратите на 072/226-602.