1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренери за програма за градење на капацитети на млади за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Програмата е наменета за млади од 16 до 25 години.

Тренерот/ите кои ќе аплицираат имаат можност да изберат за која активност аплицираат:

  • Програма за финансиска писменост на млади
  • Програма за критичко размислување (Мотивациски Ден)

2. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик тренерот/ите треба да ги спроведе/ат следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за активноста која аплицираат;
  • Спроведување на јавен настан во град надвор од Скопје (избраните тренери ќе бидат известени за точната локација на одржување на работилниците);
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.

Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство со држење на обуки и работилници за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука/настан на млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти);
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.

4. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected]  со назнака: Понуда за на тренер/и за програма за градење на капацитети на млади, со назначување во меилот за која активност конкретно се аплицира. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

*Напомена: Патните трошоци и сместувањето се покриено од страна на проектниот тим.

Рок на аплицирање: 14ти јули 2024г., 23:59ч.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]