- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – Графички дизајнер, со финансиска поддршка од германската фондација Schüler*innen Helfen Leben. На овој повик се поканети да учествуваат агенции за маркетинг и односи со јавност или индивидуи професионалци кои имаат искуство со графички дизајн. Агенциите можат да користат и надворешни соработници.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Дизајн на визуелен идентитет на Здружение на граѓани Младите Можат.
- Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Потребни квалификации
- Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во дизајнирање на материјали и публикации
- Запознаеност со работата на Младите Можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во слични активности или проекти, или соработка на проекти/активности со Младите Можат)
- Високо развиени аналитички вештини;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на експертот/ката
- Финансиска понуда со точно наведени визуели кои ќе бидат подготвени
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за графички дизајн. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 21 април 2024г., 23:59.
Експертот се очекува да ги заврши дизајните најдоцна до 20 мај 2024 година.
Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.
Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]