- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – Сметководител за потребите на проектот “All for You(th), финансиран од Европската комисија”. На овој повик може во улога на апликанти да се јават индивидуи сметководители или сметководствени агенции. Ангажманот е со времетраење до крајот на 2024 година.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Прием на сметководствени документи за книжење влезно–излезна документација
- Дневна контрола на книжењето на трансакциите
- Подготвување на извештаи и поднесоци до Институциите.
- Пресметка на плати за вработени
- Комплетно водење на материјално книговодство
- Евидентирање и контрола на побарувања, уплати и наплата
- Подготовка и потпишување на завршна сметка
Експертот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Потребни квалификации
- Завршено високо образование
- Над 5 години работно искуство во Сметководство
- Овластување од ИСОС за Овластен Сметководител
- Одлични комуникациски вештини на македонски и англиски;
- Познавање на работа со софтвери за сметководство и финансиско менаџирање
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на експертот/ката
- Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за сметководител. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 29ти февруари 2024г., 23:59 часот.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected].