- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува јавен оглас за ангажирање на тренер/и за обука на средношколци за Програмата за кариерно советување на средношколци во рамки на проектот “All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за средношколци од прва до четврта година средно гимназиско и стручно образование и треба да се одржи согласно потребите на веќе подготвената програма за кариерно советување.
Обуките се очекуваат да започнат во текот на месец Септември.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик тренерот/е треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
- Подготовка на агенда најдоцна 7 дена пред одржување на обуката;
- Спроведување на тренинг во 3 модули за средношколци од прва до четврта година;
- Следење на имплементацијата на програмата во училиштата во почетните месеци;
- Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати
- Тренерот/тимот на тренери треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
- Потребни квалификации
- Најмалку 5-годишно релевантно работно искуство во областа на кариерното советување;
- Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство во држење на обуки и работилници;
- Искуство во креирање на програми за обука;
- Запознаеност со работата на Младите можат;
- Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за средношколци;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на тренерот/рите
- Финансиска понуда
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за тренер/и за обука на средношколци во рамки на Програмата за кариерно советување на ученици во средните училишта. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 26ти август 2022г., 23:59.
За да добиете увид во програмата и/или прашања во врска со истата обратете се на [email protected]