- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на обучувач/ка за обука развивање на капацитети на младински работници и ментори за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Обуката е наменета за младински работници со делумно искуство во менторирање на млади и младински тимови.
Тренерот се очекува да почне со работа од јуни 2022 г. а целиот ангажман завршува до месец јули 2022г.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
- Подготовка на нацрт програма за обука за развивање на капацитети за младински работници;
- Спроведување на тренинг развиен во 3 модули за младински работници во Скопје;
- Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати
- Потребни квалификации
- Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во областа на држење на обуки за млади;
- Искуство во креирање на програми за обука на млади;
- Запознаеност со работата на Младите можат;
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на тренерот/рите
- Финансиска понуда
- Методологија за работа
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за обучувач за ментори. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 17ти јуни 2022г., 23:59.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]