- Вовед
Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на надворешен соработник – снимател и едитор на подкасти, за потребите на Здружение на граѓани Младите можат. На овој повик се поканети да учествуваат физички или правни лица, индивидуално или во тим, професионалци во областа на снимање и едитирање на видеа.
- Опис на работен ангажман
Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик соработникот/чката треба да ги спроведе следните работни задачи:
- Снимање и едитирање на 1 видео подкаст, со две личности, во времетраење од 20 минути
- Снимање и едитирање на 3 видео подкасти, со три личности, во времетраење од 30-45 минути
- Соработникот/чката треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.
Работниот ангажман ќе се одвива во периодот 15 септември – 15 декември (повремено, во договор со ЗГ Младите можат). Снимањето на подкастите ќе се одвива во канцелариите на ЗГ Младите можат (Бул. Илинден бр.47, 1000 Скопје). ЗГ Младите можат располага со техничка опрема: професионални микрофони, осветлување и триподи за камера. Од соработникот/чката се очекува да поседува најмалку 1 камера за снимање (по можност и 2), да ги снима подкастите, да го едитира снимениот материјал и да достави финален видео подкаст до ЗГ Младите можат, по претходно договорена временска рамка.
- Потребни квалификации
- Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во снимање и едитирање на видеа и/или видеа подкасти
- Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
- Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
- Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
- Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
- Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на соработникот/соработничката
- Финансиска понуда
- Портфолио на кандидатот со претходни видео и/или видео подкасти
преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за видео подкасти. Добиените апликации ќе бидат разгледани и оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.
Рок на аплицирање: 10 септември 2023г., 23:59.
Процедура за избор: Младите можат ќе ги вреднува понудите според обемот и квалитетот на активностите предвидени во концептот, понудената цена и искуството на понудувачот. Младите можат го задржува правото да избере една или неколку понуди целосно или делумно или да не одбере ниту една од понудите. Младите можат се обврзува дека нема да ги користи избраните и одбиените понуди за други цели.
Сопственост: Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на Младите можат. Добавувачот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од Младите можат.
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]