1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на обучувач/ка за потребите на проектот “Училиштен форум за заеднички решенија”.

Обучувачот/ката се очекува да почне со работа од 15.11.2023 г. а целиот ангажман завршува до 30.11.2023г

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  1. Подготовка на агенда и работни материјали за 4-дневна обука
  2. Одржување на 4-дневна обука во Крушево со 20 млади средношколци за нивно градење на капацитети за младински активизам, ангажирање и правење промени во заедницата, работа во тим и работа на младинска иницијатива.

 

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во областа на држење обуки на млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за обучувач за средношколци. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 01 ноември 2023г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]