1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на ментори за потребите на проектот “Училиштен форум за заеднички решенија”.

Менторот се очекува да почне со работа од 15.11.2023 г. а целиот ангажман завршува до 15.03.2024г

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертот/ката треба да ги спроведе следните работни задачи:

  1. Состанок во училиштата за презентирање на сработеното на кампот пред менаџментот (презентираат и доработуваат дрво на проблеми) – до 15.12.2023 година.
  2. Работна средба во училиштата за дефинирање на предлог решенија и акциски план за имплементација на решението (подолга средба за детална разработка на акциски план и буџет) – до 31.01,2024 година.
  3. Имплементација на предлог решение – во текот на февруари, најдоцна до 28.02.2024 г.
  4. Настан во училиштата за презентација на решението пред целото училиште – Март 2024 г.

 

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 2-годишно релевантно работно искуство во областа на менторирање на млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија
  • Финансиска понуда

преку електронска пошта, на [email protected] со назнака: Понуда за ментори. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

Рок на аплицирање: 01 ноември 2023г., 23:59.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]