Вовед

Здружението на граѓани Младите можат со поддршка од dm дрогерие маркт С.Македонија во рамки на кампањата „Заедно за подобро утре“ спроведува проект чија примарна цел е да ги поттикне младите девојки и жени (на возраст од 15-29 години) во Северна Македонија да преземат одговорност за нивното физичко и ментално здравје преку информиран избор и холистички практики на начин на живот. 

Проектот има за цел:

а. Подигнување на свеста кај младите девојки за важноста на здравите навики во исхраната, физичката активност и регуларен сон.
б. Промовирање на грижата за менталното здравје и практикување ментална хигиена, нагласувајќи го управувањето со стресот, стратегиите за справување со менталните состојби и емоционалната благосостојба.
в. Едуцирање на младите девојки за здрави родителски практики, поттикнувајќи негувачка средина и за нив и за нивните идни семејства.
г. Креирање на заедници за поддршка каде што младите девојки можат отворено да разговараат за теми поврзани со здравјето, да бараат насоки и да градат мрежа на врсници.

Централната активност на проектот е јавен настан на 19 мај 2024 година на отворено место во Скопје кој ќе понуди содржини со кои би се оствариле предвидените цели на проектот. Настанот ќе содржи партиципативни и интерактивни сесии дизајнирани да се осврнат на различни аспекти на здравјето и зајакнувањето на жените. Агендата на настанот ќе понуди низа содржини фокусирани и базирани на потребите на жените и девојките а во насока на подигнување на нивната свест.

Опис на ангaжман и критериуми

За потребите на проектот Здружението на граѓани Младите можат објавува повик за изработка на промотивна кампања за централниот настан. Кампањата ќе се одвива во две фази:

I фаза – промоција на настанот кој ќе се реализира на ден 19 мај 2024 година. Оваа фаза би опфаќала промоција на содржини, концепт на настанот, гости и други информативно-логистички аспекти. Времетраење: 19 април – 19 мај.

II фаза – промоција на информативно-едукативни аспекти на настанот, за што е потребно учество на ангажираниот/те на самиот настан (19 мај 2024). Времетраење: 19 мај – 31 мај.

Ангажманот ќе трае од 1 април до 15 јуни 2024 година.

На повикот може да аплицираат поединци или тимови (физички или правни лица) кои ги исполнуваат следните критериуми:

  1. Искуство во креирање на промотивни кампањи.
  2. Искуство во креирање на аудио-визуелни содржини (постери, видеа, содржини за социјални медиуми).
  3. Се препорачува искуство во креирање на пристап и содржини привлечни за наведената таргет група.
  4. Иновативност, креативност и флексибилност.

При процесот на селекција ќе се земат предвид квалитет, искуството и финансиската понуда.

 

Процес на аплицирање

Заинтересираните поединци или тимови потребно е да достават:

  • Кратка биографија со работно портфолио;
  • Предлог методологија за спроведување на промотивната кампања и
  • Финансиска понуда, која не надминува сума од 2.500 евра во денарска противвредност.

Потребните документи се доставуваат на [email protected] најдоцна до 22 март 2024 до 23:59 часот.

За повеќе инфомации поврзани со повикот може да се обратите на 072/226-602.