Дали си млад човек кој живее на територија на Општина Кочани? Дали ги препознаваш потребите на твоите врсници во твојата општина? Можеби имаш желба да ја подобриш општината во која живееш? Сакаш да бидеш слушнат и да соработуваш со твоите врсници, но и со возрасните?

Доколку одговорот на овие прашања е ДА, тогаш овој повик е токму за тебе!

Вовед

Младите можат оваа година со поддршка од германската фондација Schüler Helfen Leben повтoрно го спроведуваат проектот Младински локални банки, и оваа година нашиот караван за промени доаѓа во твојата општина.

Младинските банки претставуваат иновативен модел и програма за создавање грантови преку кои се овозможува финансирање на локални проекти од неформални групи млади со цел унапредување на заедницата. Младите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи за поквалитетен живот во заедниците користејќи неповратни средства за проекти.

Средствата се обезбедени од страна на локалната власт и локалната бизнис заедница. На тој начин се создава механизам на соработка помеѓу младите, локалната власт и локалната бизнис заедница.

Првиот чекор од започнувањето на програмата е формирање на Одбор на младинските банки во општините.

Затоа, ги покануваме сите млади што живеат на територија на општина Кочани да аплицираат за членство во Одборот на младинската банка.

Ако се пријавиш и бидеш избран-а, те очекува:

  • Задолжителен тренинг за управување со програмата младински банки;
  • Инфо-средби, обуки и соработка со претставници на општината и Младите можат;
  • Промовирање на програмата и едукација на младите за мобилизирање на локалните ресурси во твојата општина;
  • Отворање на конкурс на младинската банка за проекти на неформални групи млади во општината;
  • Прием на апликации, читање апликации и избор на апликации, по кои следува интервју за проектите што поминале во втор круг (прелиминарен избор);
  • Интервјуа со млади луѓе кои аплицирале на програмата, одлучување заедно со другите членови на Одборот за тоа кои идеи ќе добијат финансиска поддршка;
  • Известување за резултатите од селекцијата, како до одбиените апликации, така и до прифатените предлог-проекти;
  • Потпишување договори и распределба на средства за одобрени проекти;
  • Мониторинг на имплементацијата на проектот, оценување и известување;
  • Соработка со членовите на одборите на други младински банки во државата.

Начин на аплицирање: Со пополнување на апликациска форма којашто се наоѓа на следниот линк, најдоцна до 13.04.2023г. (23.59 часот).

 

*Улогата член на Одбор на младинската банка е на доброволна основа и за истата не е предвиден финансиски надомест.

За дополнителни информации и прашања, контактирајте на [email protected] или на 071 326 204.