Како ви звучи лето во Холандија со врсници од цела Европа?
Примамливо, нели?
Младите можат е партнерска организација на Еразмус+ проектот “Back to basics”, организиран од страна на Cherry International Foundation. Младинска размена “Back to Basics” ќе се организира од од 20ти јули до 5ти август во Омен, Холандија.
На оваа размена освен што ќе се дружите со млади од цел Европа, ќе имате можност да стекнете вештини за претприемништво.
Предвидени се вкупно 60 учесници од различни земји од кои од Македонија – 4 млади на возраст од 15 до 21 година + 1 тим лидер.
Фокусот на размената ќе биде на:
Соработка и комуникација, иницијативност и развивање на претприемачки дух
Методологијата на размената вклучува „учење преку правење“ и надворешни активности
На оваа размена се подмируваат 50 ЕУР за учество (поради изнајмување на одредени објекти, возила за надворешни активности) кај организаторот – Cherry International, додека пак патните трошоци се исплаќаат во висина од 275 ЕУР во целост (пат до и од Холандија).
Доколку превозот кој ќе го обезбедите е целосно ЕКО (автобус или воз), тогаш сумата за патни трошоци која ја покрива организаторот е 320 ЕУР, а ќе биде покриено и едно ноќевање по пат.
Начинот на аплицирање е со пополнување на апликациска форма не подоцна од 8ми мај.
Селектираните учесници потребно е да ја подмират сумата од 500 денари за партиципација на размената. Предност при селекција на учесници на размената ќе имаат активните членови на Младите можат.
Тренингот е финансиран од страна на Европската комисија од програмата Еразмус+. Организаторот на овој тренинг обезбедува рефундирање на патните трошоци (Македонија – Холандија – Македонија) од точно 275 евра. Сите останати трошоци се покриени од страна на организаторот (сместување, храна, освежување). По завшувањето на размената, учесниците ќе добијат YouthPass сертификат (сертификат за неформално образование и може да се искористи во CV, апликации за работа/ училишта/ факултети и слично.)
За дополнителни информации, слободно контактирајте не на [email protected].