Веруваме дека младите заедно со вас, работодавците, можат да станат двигатели на општествените промени во нивната локална и глобална заедница.
Дали сакате да бидете дел од првиот Social day во нашата земја и да ги поддржите младите во нивниот сон да го направат општеството подобро место за живење? Доколку одговорот е да, тогаш ние Ви ја претставуваме совршената можност за взаемно дејствување со младите за една заедничка цел – позитивни промени и развој на општеството.
Што е Social Day или низ Европа познат како Solidarity Action Day?
Идејата е едноставна, младите луѓе заменуваат еден ден на училиште за работа која тие ја бираат, односно 500 млади донираат дел од своето време и својата дневница за младински проекти во нашата држава.
Целта на Social Day е да се воспостави солидарност помеѓу младите во текот на нивните училишни денови, да инспирира активно граѓанство и општествен развој воден од млади, тоа е влијателен инструмент кој овозможува пристап до политичка едукација и креира фонд за младински иницијативи.
Овој концепт иако е нов кај нас, во држави како што се Данска, Норвешка и Италија постои и се применува со децении. Но, и во држави кои што не се така далеку од нас како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, последните неколку години е препознаен како одличен концепт за поттикнување на општетсвена одговорност.
Интересен факт: Во Норвешка, секоја година, на овој ден, 85 000 млади заработуваат околу 1 800 000 евра.
Како вие може да помогнете да се оствари целта?
За да биде успешен Social dаy, потребни се што е можно повеќе работни позии на кои ќе можат да аплицираат младите кои на еден ден ќе бидат младински работници, наставници, директори и се она што Вие можете да понудите. На овој начин, младите не само што креираат фонд за проекти, туку и ги разгледуваат потенцијалните области за вработување и насока за образование.
Доколку сте заинтересирани треба да ги направите следните чекори:
Како организација целиме да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека можат самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството. Младите се катализатори на промени чиј потенцијал треба да се охрабрува, пред се од нивните заедници. Нашата мисија е да ги подготвиме младите за лична позитивна трансформација, да придонесеме кон општество во кое младите се двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество.
Преку програмата за имплеметација на Social Day сакаме да видиме ангажирани заедници, соработка помеѓу државните институции, граѓанските организации и бизнис секторот, поддршка од родителите, врсниците, наставниците, младинските работници и кариерните работници кои креираат овозможувачки и поддржувачки средини за младите. Веруваме во млади коишто размислуваат глобално, но делуваат локално, млади кои имаат развиено чувство за солидарност, млади кои го инвестираат своето време за подобрување на состојбите во својата заедница, млади кои веруваат во одржлив свет.
За повеќе информации контактирај не на [email protected]