Сакаш практично искуство за тоа што го учиш? Или пак сакаш на еден ден да ја искусиш професијата од твоите соништа? А можеби едноставно ти треба промена од вообичаеното училишно или студентско секојдневие…

Веќе 12 години активно работиме со млади како тебе, млади кои имаат желба да работат на својот личен раст и развој, еден од проектите преку кои се трудиме да го оставриме тоа е Social Day. Преку Social Day, на 10 ноември ќе ти овозможиме еден училишен/студентски ден да го замениш работејќи на одредена позиција во некоја компанија/институција/организација и при тоа дневницата што ќе ја добиеш ќе биде донирана во младинскиот фонд кој што поддржува младински иницијативи за твој личен раст и развој.

Што е тоа што ти го добиваш доколку учествуваш на Social Day?

На самиот ден ти ќе стекнеш практично искуство и ќе добиеш претстава како изгледа еден работен ден во рамки на професијата што ќе ја одбереш, а при тоа преку донирање на твојата дневница заедно со компанијата/институцијата/организацијата каде што ќе работиш имаш можност да промовираш општествена одговорност во твојата заедница.

Но, можностите не завршуваат на самиот Social Day. По завршувањето на секоја работна позиција и донирањето на дневниците во младинскиот фонд, ти ќе имаш можност да аплицираш со иницијатива која ќе направи промена во образованието и кариерата на младите од нашата држава која ќе биде поддржана од тој фонд. Што значи тоа? Собери уште најмалку 2ца кои ќе бидат вклучени на Social Day, смислете иницијатива преку која ќе направите позитивна промена за образованието и кариерното насочување во нашата држава, одработете ја вашата позиција и аплицирајте на јавниот повик на 8 ноември кој ќе биде отворен само за младите вклучени во Social Day.

Направи профил на кариеренпат.мк, разгледај ги можностите и аплицирај за тоа што те интересира. 

Се гледаме на Social Day!

Регистрирај се кариеренпат.мк

ДОСТАПНИ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ