Веруваме во млади луѓе кои менуваат заедници. Сега бараме Извршен директор/ка кој/а ќе ја води оваа мисија, ќе инспирира тим, ќе донесува смели одлуки и ќе создава можности што оставаат трага. Ако си подготвен/а твојата енергија да стане движечка сила во младинскиот сектор, ова е твојот момент.
Здружението на граѓани „Младите можат“ отвора повик за вработување на Извршен директор кој/а ќе раководи со Извршната канцеларија, ќе ја претставува и застапува организацијата и ќе обезбеди успешно спроведување на стратегијата, програмите и проектите во согласност со мисијата – да им овозможиме на младите луѓе да бидат способни, независни и решителни граѓани.
Клучни одговорности:
- Раководење со Извршната канцеларија и управување со тимот.
- Претставување и застапување на организацијата пред институции, партнери и јавноста.
- Спроведување на политики и одлуки на Управниот одбор.
- Координација на програми, проекти и застапувачки иницијативи.
- Финансиско и административно управување во соработка со финансискиот менаџер.
- Изработка и спроведување на стратешки, годишни и акциски планови.
- Подготовка на извештаи.
Квалификации:
- Минимум 2 години релевантно работно искуство на истата позиција.
- Исклучителни лидерски, комуникациски и организациски вештини.
- Искуство во граѓанскиот сектор и младинска работа.
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик (албански јазик е предност).
- Пожелно е кандидатот да биде запознаен со работата на Младите можат и да има претходно учество на проекти, иницијативи или програми кои организацијата ги спроведувала.
Вид на договор: Договор на неопределено време, со полно работно време.
Почеток на ангажман:01.11.2025
Локација: Канцеларија на Младите Можат, Скопје, со можност за патувања во земјата и странство.
Аплицирање:
Испратете CV, мотивациско писмо и најмалку една препорака на [email protected] со назнака „Пријава за Извршен директор“ најдоцна до 28.09.2025
Напомена:
Повикот е отворен за сите кандидати кои ги исполнуваат условите, без разлика на пол, возраст, етничка припадност, религија, сексуална ориентација или попреченост, согласно начелата за еднакви можности.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
Повеќе за организацијата: www.youthcan.org.mk