Дали навистина се случува глобално затоплување? Кој е виновен?
Ако климатската криза е толку итно прашање, зошто зелената партија е толку малку застапена во Европскиот парламент? Дали е корисно да им кажеме НЕ на пластичните чаши и сламки?
Одговор на овие прашања ќе добиете на Еразмус + младинската размена ‘Stop Eco Time” во GÁNT, Унгарија, која ќе се одржи од 19ти до 26ти септември.
Преку креативните работилници, дискусии и дебати, проектно планирање и игри, учесниците ќе бидат запознаени со главните актуелни проблеми и можните решенија кон кои треба да се стремиме за подобра иднина.
Од страна на домаќин организацијата е обезбедено сместување и храна, патни трошоци во висина до 275 евра и ПЦР тест.
Профил на учесници:
- Возраст: 18-25
- Вакциниран/а со Фајзер или друга вакцина признаена од ЕУ
- Можност да присуствува на сите денови од размената
- Солидно познавање на англиски јазик
Доколку ги исполнуваш условите и си заинтересиран/a, пополни ја апликацијата на следниот линк.
Рок за пријавување: 07.09.2021
За подетални информации контактирајте не на [email protected]