Младите можат објавуваат повик за Европски солидарен корпус (ЕСК) волонтер во Констанца, Романија.
Домаќин организацијата ADAPTO- Здружение за еднаквост на млади, е организација која промовира еднаквост меѓу сите млади, без оглед на расата, пол, финансиска состојба, способности / инвалидитет.
Главните цели на АДАПТО припаѓаат на 3 области: образование и обука; проекти чија таргет група се загрозени млади луѓе и промовирање на европските вредности.
Исто така, здружението организира и е партнер во меѓународни и национални тренинзи за обука и размена на млади на теми како што се европско државјанство, човекови права и социјална инклузија.
Внатрешното правило на здружението е да се промовира стапка на учество од 10-50% на инвалиди или хендикепирани млади.
Ангажманот на волонтерот предвидува:
Активностите вклучуваат помош при организирање на училишни и средношколски презентации, Еразмус + проекти и локални проекти главно поврзани со пристапност и инклузија.
1. Фотографирање, креирање објави, истражување за “Accessibility Foul” онлајн кампањата и помош при креирање објави за истата;
2. Помош при организирање на Еразмус + проекти кои АДАПТО ги спроведува;
3. Учество и придонес на презентации во основни и средни училишта или факултет;:
4. Активности со лица со посебни потреби во Арка Дневен центар
5. Помош при секојдневните активности на АДАПТО;
6. Активности со деца од Intelect Parc;
7. Помош на плажа за инвалиди
8. Правење на слики и креирање изложба на крајот на волонтерското искуство.
* Сместување, храна и трошоци за пат се обезбедени од страна на домаќин организацијата.
Проектот трае од 01 декември 2021 до 01 јуни 2022, односно е во времетраење од 6 месеци.
Начинот на аплицирање е со испраќање на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на [email protected]