1. Вовед

Здружение на граѓани Младите можат објавува оглас за ангажирање на тренер/и за програма за финансиска писменост за млади за потребите на проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија. Програмата е наменета за млади од 16 до 25 години.

Тренерот се очекува да почне со работа од месец август 2024 г. а целиот ангажман завршува на крајот од месец септември 2024 г.

  1. Опис на работен ангажман

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик тренерот/ите треба да ги спроведе/ат следните работни задачи:

  • Одржување на работни состаноци заедно со проектниот тим (во текот на целиот ангажман);
  • Подготовка на нацрт програма за јавен настан за финансиска писменост на млади;
  • Спроведување на работилници за млади на јавен настан во град надвор од Скопје (избраните тренери ќе бидат известени за точната локација на одржување на работилниците);
  • Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати.

Тренерот треба да биде во редовна координација со проектниот тим при спроведувањето на работните задачи.

  1. Потребни квалификации
  • Најмалку 3-годишно релевантно работно искуство со држење на обуки и работилници за млади;
  • Искуство во креирање на програми за обука на млади;
  • Запознаеност со работата на Младите можат (пожелно е претходно искуство, работно или волонтерско во претходни активности или проекти);
  • Способност за сумирање и претставување на стручни термини во лесно разбирливи текстови и пораки за млади;
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик;
  • Одлични меѓучовечки и комуникациски вештини;
  • Проактивност и висока исполнителност со минимален надзор;
  • Докажани способности за планирање и организација, и имплементација на активности од зачеток до финално известување;
  • Способност за тимска работа во средина во која се почитуваат и промовираат различностите.
  1. Теми кои треба да бидат опфатени во програмата

Темите кои сметаме дека треба да се обработат и се корисни за младите се: Носење на лични финансиски одлуки; Штедење и трошење; Кредити и долгови; Самостојно живеење; Влијанието на рекламирањето; и Инвестирање.

*Темите се само предлог и насока, не се финални и се подложни на промени во договор со тренерот/ите и проектниот тим.

  1. Начин на аплицирање:

Сите заинтересирани кандидати/ки треба да ги достават следните документи:

  • Кратка биографија на тренерот/рите
  • Финансиска понуда
  • Методологија за работа

преку електронска пошта, на [email protected]  со назнака: Понуда за на тренер/и за програма за финансиска писменост на млади. Добиените апликации ќе бидат разгледани и  оценети од Евалуациска комисија составена од членови на Извршната канцеларија и Управниот одбор на Младите можат.

*Напомена: Патните трошоци и сместувањето се покриено од страна на проектниот тим.

Рок на аплицирање: 14ти јули 2024г., 23:59ч.

За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected]