Вовед

Здружението на граѓани Младите можат во изминатите седум години работи на полето на промоција на ментално здравје и благосостојба кај младите. Во фокусот последните години е унапредување на сосотојбите во рамки на образовниот систем поврзани со пристапите и методологијата на работи во ова поле. Од учебната 2024/2025 ја започнавме кампањата под мотото „Твоја приказна, наша поддршка!“ адресирајќи ги предизвиците и потребите на средношколците поврзани со нивното ментално здрајве и нивните очекувања за поддршка во рамки на образовните процеси. Целта на истата е да се прикаже визијата на младите односно средношколците за како треба да изледа едно училиште кое се грижи за нивното ментално здравје и благосостојба. 

Опис на процес и активности

Во рамки на кампањата отвораме повик за десет училишта од територијата на државата кои се спремни да вложат напори во целокупно јакнење на капацитетите во насока на унапредување на училишната клима по однос на прашањата за ментално здравје и благосостојба на учениците.

Што опфаќа процесот?

Во рамки на учебната 2024/2025 година во рамки на училиштето би се спровеле следните активности:

  1. Обука за класни раководители за имплементација на програма за ментално здравје во рамки на класните часови.
  2. Обука за формите на ученичко организирање и стручната служба за имплементација на неформални активности на теми поврзани со менталното здравје.
  3. Обука на ученици за врснички едукатори за ментално здравје кои понатаму би ги дисеминирале стекнатите знаења меѓу своите врсници.
  4. Целогодишна менторска поддршка од младински работник со искуство на темата, кој ќе го фасилитира процесот во училиштето.

По завршување на циклусот на обуки, училиштите би требало:

  1. Целосно да ја имплементира програмата за ментално здравје во рамки на класните часови.
  2. Да организира минимум четири неформални активности на теми поврзани со менталното здравје.
  3. Да организира минимум осум врснички едукации на тема ментално здравје.

По завршување на процесот, во месец мај училиштата кои успешно ќе го поминат истиот ќе добијат ознака/признание за училишта кои се грижат за менталното здравје на своите ученици. 

За спроведување на активностите опфатени во процесот е добиена согласност за имплементација од Бирото за развој на образование и Министерството за образование и наука. 

Трошоците за спроведување на предвидените активности ги покрива Здружението на граѓани Младите можат, со исклучок на активностите кои ќе бидат во сопствена организација на училиштето.

Начин на аплицирање

Право на учество има секое државно или приватно, гимназиско или стручно училиште од територијата на Република Северна Македонија. Од училиштите се очекува спремност и мотивација за учество за процесот и остварување на предвидените активности.

Секое заинтересирано училиште има право да се пријави преку поднесување на електронска апликација на формата достапна на следниот линк, најдоцна до 20 октомври 2024 година. Изборот на училишта кои ќе земат учество во процесот ќе се одвива преку принципот на првопријавени.

За повеќе детали може да се обратите на Филип Ивковски – програмски координатор на телефонскиот број  072/226-602 или на следната адреса [email protected].