fbpx

За нас

Младите можат е здружение на граѓани формирано од млади за млади на 28 мај, 2009 година. Оваа 2019 г. ќе одбележи 10 години постоење, повеќе од 1000 млади вклучени директно во проекти, програми, настани и активности и повеќе од 20 активни членови кои секојдневно придонесуваат во растењето и успехот на организацијата а со тоа и во правење на позитивни промени за нашата младина и нашата заедница.

Цели во кои веруваме и ги застапуваме се:
  • покревање на свеста кај младите луѓе за активно граѓанство
  • давање можности на младите луѓе за реализација на младински иницијативи и креативно изразување на нивните мислења и ставови
  • иницирање на личен развој на младите луѓе преку младинска работа и неформално образование
  • промоција на човекови права и слободи на младите луѓе
Зошто постоиме?

Постоиме за да им овозможиме на младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои веруваат дека МОЖАТ самостојно или здружено да учествуваат и влијаат во позитивните промени и развојот во општеството.

Во што веруваме?

Веруваме дека младите луѓе можат да земат активно учество во развојот на своите заедници и преку младински и социјален активизам како моќни алатки за општествена промена можат да одговорат на своите потреби во заедницата.

Структура на Младите можат

Структурата на Младите можат ја сочинуваат:

  1. Собрание на Младите можат, составено од сите активни членови со право на глас
  2. Управен одбор на Младите можат, составен од 5 член
  3. Извршна канцеларија на Младите можат, составена од:
    1. Извршен директор
    2. Координатор за членство и односи со јавност
    3. Координатор за логистика и вмрежување

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти