fbpx

Членство

Младите можат цели кон развивање на потенцијалот кај младите луѓе да станат активни, независни, способни и решителни граѓани кои самостојно или здружено влијаат и учествуваат во позитивните промени и развојот во општеството. Како здружение кое основата на својата работа ја темели на активности од млади за млади, важно е младите кои се дел од нашата организација да го искусат истото, но при тоа да знаат дека стекнуваат вештини, искуства и знаења како членови во ММ. Во 2020 година, за прв пат се започна коцепт на членството каде што членовите се поделени на јуниори и сениори, односно нови членови кои се помалку искусни и прв пат се среќаваат со активностите на организацијата и членови кои се искусни волонтери и активисти кои подолго време се активни во Младите можат. За секој од нив да има можност да се надогради и истакне во областа која најмногу го интересира, во јуниорската програма дополнително се структуираа 2 едукативни програми за членство во кои младите имаат можност да се приклучат на еден од двата јавни повика во јануари и септември.

Што претставува Младите можат за нашите членови?

Јуниорска едукативна програма за волонтирање и активизам

Јуниорска едукативна програма за врсничка едукација за ментално здравје

Сениорска едукативна програма

Младите можат е непрофитна и независна граѓанска организација која има за цел да ги поттикне младите да земат активно учество во развојот на демократско општество, преку активно граѓанство и социјален активизам.

Организацијата е основана од страна на младите луѓе, водена од идејата за моќта на младите како катализатори на промени во денешното општество.

Социјални мрежи
Последни проекти