Y-PEER е глобална младинска мрежа на организации и институции која работи за и со млади луѓе во насока на активно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки на локално, национално и интернационално ниво поврзани со заштита на нивното здравје и подобрување на квалитетот на живот. Во неа се вклучени повеќе од 700 граѓански органиции и државни институции во повеќе од 50 земји од регионите на Југоисточна Европа, Азија и Пацифик, Северна Африка и Арапските земји, Централна Африка и Јужна Америка.
Solidarity Action Day Movement in Europe е движење кое вклучува 10 европски и балкански организации кои спроведуваат Ден на солидарноста. На овој ден, средношколците наместо да одат во училиште работат во компании и дневницата ја донираат за поддржување на младински проекти.
НМСМ е претставничко тело на младинските организации во Македонија. НМСМ обединува 52 организации: 18 младински организации, 20 организации за млади, 1 сојуз, 8 подмладоци на други организации и 5 придружни членки, со цел да се промовираат и застапуваат младите и правата на младите во Македонија.
Мрежата за спречување на одливот на мозоци е неформална мрежа составена од 7 граѓански организации кои работат на различни полиња поврзани со развојот на младите, младинските политики и права, како и младинското информирање. Целта на мрежата е да ја подигне свеста кај институциите и граѓаните за заминувањето на младите од земјата, како и да предлага мерки и решенија за спречување на овој феномен.
Сојузот за младинска работа (СМР) е мрежа на понудувачи на младинска работа – младински организации и организации кои работат со и за младите, чијашто мисија е регулирање и стандардизација на младинската работа, поддршка на младинските работници и подигање на јавната свест за значењето на младинската работа. Визијата на СМР е младинска работа е признаена како професија и изграден систем за поддршка на млади и младински работници.