Како прва активност во рамки на проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator спроведен беше 5 дневен тренинг за рурално претприемништво кој се одвиваше во Вила Гора, Крушево од 11 до 15 февруари.
На тренингот учествуваа млади од рурални средини кои ги мапираа потребите на нивните рурални заедници, се запознаа и учеа за процесот на креирање бизнис план и стратегија и во наредните 9 месеци ќе работат на своите бизнис идеи со менторска поддршка.
Проектот е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA Europe со финансиска поддршка од AFD France во Република Северна Македонија координиран од ALDA Balkans.









