Соработници на проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator – Наша Фарма

Share this post on:

Учењето од практични примери е еден од најдобрите начини да се направат првите чекори кон сопствен бизнис. 🐔

Во рамки на проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator, нашите учесници имаа можност да ја посетат Наша фарма, првата органска фарма за производство на јајца во околина на Скопје, основана во 2016 година.

Посветена на органското производство и одговорното одгледување на кокошки, Наша фарма ја гради својата приказна врз идејата дека органската храна не е тренд, туку начин на живот и одговорност кон идните генерации.

Преку job shadowing искуството, младите одблиску се запознаа со процесот на започнување и водење на ваков земјоделски бизнис, побарувачката на пазарот и организацијата на производството. Научија повеќе за секојдневната грижа за кокошките, нивната правилна исхрана и условите за здраво одгледување – слободно движење и престој на отворено во текот на денот, со затворање во безбеден простор во текот на ноќта, со цел да се обезбедат добри услови за живот и квалитетно производство на јајца.

Голема благодарност до Наша фарма за гостопримството, споделеното знаење и можноста нашите учесници преку практично искуство да научат повеќе за органското производство и можностите за развој на сопствен агробизнис! 🌱

Проектот е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA Europe со финанскиска поддршка од AFD France во Република Северна Македонија координиран од ALDA Balkans.