Social Day 2026

Social Day e проект кој Младите можат го спроведува шеста година по ред. Оваа година Social Day се одржа на 29 Април и претставува најуспешното издание на проектот досега. Во иницијативата беа вклучени 238 млади, кои работеа на 238 работни позиции обезбедени преку 73 партнерски компании и институции. Благодарение на нивниот ангажман беа собрани 371.500 денари, средства кои ќе бидат инвестирани во младински проекти креирани од младите. 

Програмата се реализираше во 11 градови, со поддршка од 19 младински амбасадори, а беа воспоставени и 18 формални партнерства со средни училишта, со што значително се прошири локалниот опфат на иницијативата. 

Во споредба со првото издание, Social Day бележи речиси четирикратно зголемување на младинскиот фонд, што ја потврдува континуираната доверба од компаниите, училиштата и младите. 

Заедничкиот фонд беше поделен помеѓу победничките училишта „СОУ„Кочо Рацин“-Велес (60% од фондот) и СУГС„Никола Карев“ (40% од фондот).

Горди сме што и оваа година Social Day покажа дека кога младите, бизнис секторот, институциите и граѓанските организации работат заедно, можат да се постигнат значајни и одржливи резултати. Успехот на овогодишното издание е уште еден доказ дека меѓусекторската соработка создава реални можности за младите и придонесува кон развој на нивните идеи и иницијативи. Искрено им благодариме на сите компании, институции, училишта, партнери и учесници кои беа дел од Social Day и веруваме дека ова е само почеток на уште посилни соработки во иднина. Заедно продолжуваме да инвестираме во младите и да градиме општество во кое нивниот потенцијал е препознаен, поддржан и претворен во конкретни промени.