Соработници на проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator – Milk Planet Adem

Share this post on:

Практичното искуство им овозможува на младите да учат директно од луѓето кои секојдневно работат во секторот, да стекнат нови знаења и подобро да ги разберат можностите и предизвиците за започнување сопствен агробизнис. 🐄🐔

Како дел од проектот StartItUp: Rural Youth Entrepreneurship Accelerator, нашите учесници ја посетија Milk Planet Adem, живинарска и говедарска фарма лоцирана во селото Глумово, каде имаа можност одблиску да се запознаат со работата и секојдневното функционирање на фармата.

За време на job shadowing процесот, младите дознаа повеќе за одгледување живина и говеда, производството и продажбата на свежи јајца, како и продажбата на телиња. Преку разговорите со домаќините, се запознаа со организацијата на работата, грижата за животните и практичните аспекти на водење бизнис во сточарството.

Голема благодарност до Milk Planet Adem за гостопримството, отвореноста и споделеното искуство!

Проектот е дел од програмата BOOST Balkans, имплементирана од ALDA Europe со финанскиска поддршка од AFD France во Република Северна Македонија координиран од ALDA Balkans.