Завршен настан Social Day 2026

Share this post on:

На 19 јуни, во Лабораториум, се одржа завршниот настан на Social Day 2025, со кој беше заокружено најуспешното издание на проектот досега. На настанот присуствуваа младинските амбасадори, претставници од партнерските компании и институции, како и професори од средните училишта кои активно придонесоа за реализацијата на програмата.

Настанот беше можност за заедничка рефлексија на постигнатите резултати, споделување искуства и добри практики од овогодишното, но и од претходните изданија на Social Day. Преку отворена дискусија, учесниците разменија идеи за унапредување на проектот, ги истакнаа придобивките од меѓусекторската соработка и разговараа за нови можности за понатамошно вклучување на младите во иницијативи што создаваат позитивни промени во заедницата.

Во пријатна и инспиративна атмосфера беа одбележани заедничките успеси и придонесот на сите вклучени страни, со заедничка порака дека Social Day продолжува да расте како платформа што ги поврзува младите, образовните институции и бизнис секторот. Завршниот настан претставуваше не само симболично затворање на овогодишниот циклус, туку и почеток на нови идеи, партнерства и иницијативи за идните изданија на проектот.