10/2026 Повик за пријава за учество – Еразмус + Joyful Minds

Со големо задоволство ве покануваме да учествувате на тренинг програмата во рамки на Erasmus+ проектот „Joyful Minds: Програма базирана на хумор за зајакнување на психолошката отпорност кај адолесценти“, во кој партнерски организации се Младите можат од Северна Македонија, Genesis Project од Босна и Херцеговина, Forum za slobodu odgoja од Хрватска и ARSIS од Албанија.

Проектот има за цел да го подобри менталното здравје и психолошката отпорност кај младите преку иновативни методи базирани на хумор и неформално образование. Тренингот е наменет за психолози, психотерапевти, специјални едукатори и рехабилитатори, логопеди, младински работници и едукатори кои имаат желба да стекнат практични алатки и методологии за работа со млади.

За време на тренингот, учесниците ќе имаат можност:

  • Да научат повеќе отпорност и пристапи базирани на хумор во работа со млади на тема ментално здравје
  • Да се запознаат со интерактивни методи на неформално образование
  • Да ги развијат своите комуникациски и фасилитаторски вештини
  • Да добијат практични материјали и алатки за работа со млади

За време на тренингот, учесниците ќе бидат детално запознаени со курикулумот и прирачникот за работа на тема ментално здравје, психолошка отпорност и пристапи базирани на хумор.

 Преку интерактивни сесии, практична работа и симулација на активности, ќе бидат обработени работилниците и методологиите содржани во прирачникот, со цел учесниците да стекнат практични знаења, вештини и самодоверба за нивна понатамошна имплементација.

По завршувањето на тренингот, учесниците ќе имаат задача да спроведат 5 работилници со групи на млади во своите локални заедници, користејќи ги методите, алатките и пристапите добиени за време на обуката.

* Предвиден е хонорар за секое ангажирано лице, кој ќе биде исплатен по успешно завршување на имлементацијата на 5-те работилници од развиениот прирачник.

Работилниците ќе придонесат кон подигнување на свеста за менталното здравје, зајакнување на отпорноста, инклузијата и активното учество на младите на локално ниво.

Тренингот ќе се спроведе во период од 06.07 – 09.07.2026 во Мостар, Хотел Ада Благај.

Агенда:

06.07 – поаѓање од Скопје

07.07 -08.07 – спроведување на тренингот

09.07 – заминување

* Сите трошоци поврзани со превоз, сместување и оброци се покриени од страна на организаторите на тренингот.

За учество на тренингот, ве молиме пополнете ја Google формата . По завршување на процесот на пријавување, избраните кандидати ќе бидат исконтактирани.

Рок за аплицирање: 16.06.2026