Фасилитатор за спроведување на тест симулација на кризна состојба.
Здружението на граѓани Младите можат, во партнерство со ЗГ Супортко Кочани, објавува повик за ангажирање на надворешен соработник – фасилитатор на тест симулација на кризна состојба, во рамки на проектот:
„Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“, поддржан Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
За проектот
Проектот има за цел да придонесе кон развој и институционализација на национален модел за младинско управување со кризи, преку зајакнување на соработката меѓу младинските центри, граѓанските организации и релевантните институции.
Во рамки на проектот ќе се развие Национален протокол за управување со кризни ситуации кај млади, како системско решение за превенција, реакција и психосоцијална поддршка.
Активностите се реализираат на национално ниво, со фокус на Скопје, Кочани, Гостивар, Струмица и Битола.
Опис на ангажманот
Фасилитаторот ќе биде ангажиран во рамки на активностите за тестирање на нацрт верзијата на Националниот протокол:
Од избраниот кандидат се очекува да:
- Подготви сценарио за тест симуацијата согласно насоките на Нарачателот;
- Ја фасилитира и води тест симулацијата на кризна состојба;
- Координира со учесниците во тест симулацијата, вклучувајќи млади, претставници на институциите и волонтери;
- Ја следи и надгледува практичната примена на процедурите предвидени во нацрт верзијата на Националниот протокол;
- Придонесе кон реализација на тест симулацијата во согласност со определена тематска област;
- Соработува со проектниот тим и останатите фасилитатори за успешно спроведување на тест симулацијата;
Потребни квалификации
- Минимум 3 години релевантно искуство во фасилитација на групни процеси, работилници или мулти-стекхолдер дијалози;
- Искуство во работа со граѓански организации, институции или младински политики ќе се смета за предност;
- Познавање на партиципативни методологии и алатки за фасилитација;
- Одлични комуникациски и организациски вештини;
- Способност за управување со процеси што вклучуваат различни засегнати страни;
- Проактивност, одговорност и почитување на рокови;
- Одлично познавање на македонски јазик (познавање на англиски јазик ќе се смета за предност).
Времетраење
Ангажманот ќе се реализира во периодот 1 месец од 01.06.2026 до 30.06.2026 година.
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Кратко мотивациско писмо
- Финансиска понуда
Апликациите се доставуваат електронски на:
info@youthcan.org.mk со назнака: „Понуда за фасилитатор на тест симулација или по пошта/лично во канцелариите на Младите можат на адреса: бул. Илинден бр. 47, Скопје
Рок за аплицирање
10.05.2026
По завршувањето на процесот на селекција, ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе бидат избрани.
Дополнителни информации
Избраниот кандидат ќе работи во тесна координација со проектниот тим на Младите можат.
Сите продукти и резултати од ангажманот ќе бидат сопственост на Младите можат и не смеат да се користат или дистрибуираат без претходна писмена согласност.
За дополнителни информации:
info@youthcan.org.mk