Анкетари за спроведување теренско истражување во рамки на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“
Здружението на граѓани Младите можат, во партнерство со ЗГ Супортко Кочани, објавува повик за ангажирање на надворешни соработници – анкетари, во рамки на проектот:
„Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
За проектот
Проектот има за цел да придонесе кон развој и институционализација на национален модел за младинско управување со кризи, преку зајакнување на соработката меѓу младинските центри, граѓанските организации и релевантните институции.
Во рамки на проектот ќе се развие Национален протокол за управување со кризни ситуации кај млади, како системско решение за превенција, реакција и психосоцијална поддршка.
Активностите се реализираат на национално ниво, со фокус на Скопје, Кочани, Гостивар, Струмица и Битола.
Опис на ангажманот
Анкетарите ќе бидат ангажирани за спроведување на теренско истражување. Од избраните кандидати се очекува да:
• спроведат теренска анкета за процена на состојбата вомладинските центри и граѓанскиот сектор;
• соберат податоци од повеќе региони согласно утврденаметодологија;
• помагаат при пополнување прашалници точно и навремено;
• водат белешки од спроведени интервјуа;
• обезбедат на квалитет и доверливост на собраните податоци;
• Претходно искуство во спроведување анкети или теренски истражувања ќе се смета за предност;
• Добри комуникациски вештини и способност за работа со различни целни групи;
• Одговорност, прецизност и почитување на рокови;
• Способност за работа на терен;
• Познавање на македонски јазик (познавање на други јазици ќе се смета за предност).
Времетраење
Ангажманот е со времетраење од 2 месеци во период од 15.02.2026 до 30.04.2026 година.
Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
• Кратка биографија (CV)
• Кратко мотивациско писмо
Апликациите се доставуваат електронски на:
info@youthcan.org.mk со назнака: „Повик за анкетар/ка“или по пошта или лично во канцелариите на Младите можат на адреса: бул. Илинден бр. 47, Скопје
Рок за аплицирање
05.02.2026 16h
Дополнителни информации
Избраните кандидати ќе работат во координација со проектниоттим на Младите можат.
Сите податоци собрани во рамки на ангажманот ќе се користат исклучиво за потребите на проектот.
За дополнителни информации: info@youthcan.org.mk