07/2026 Повик за понуди за графички дизајнер

Графички дизајнер/ка за потребите на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“

Здружението на граѓани Младите можат, во партнерство со ЗГ Супортко Кочани, објавува повик за ангажирање на надворешен соработник – графички дизајнер/ка, во рамки на проектот:

„Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

За проектот

Проектот има за цел да придонесе кон развој и институционализација на национален модел за младинско управување со кризи, преку зајакнување на соработката меѓу младинските центри, граѓанските организации и релевантните институции.

Во рамки на проектот ќе се развие Национален протокол за управување со кризни ситуации кај млади, како системско решение за превенција, реакција и психосоцијална поддршка.

Активностите се реализираат на национално ниво, со фокус на Скопје, Кочани, Гостивар, Струмица и Битола.

Опис на ангажманот

Графичкиот дизајнер/ка ќе биде ангажиран/а во рамки на проектните активности. Од избраниот кандидат се очекува да:

  • Графичкиот дизајнер за публикација на Протоколот треба да:

-изврши финално визуелно и техничко уредување на Националниот протокол за управување со кризи кај млади;

-обезбеди јасна структура, визуелна конзистентност и достапност за поширока публика;

-вклучи инфографици, шеми и визуелни елементи за олеснета практична примена на Протоколот;

  • Графички дизајнер за јавната кампања треба да:

-креира визуелни содржини за социјални медиуми, инфографици, банери, постери и дигитални промотивни материјали;

-обезбедува континуирана визуелна поддршка на кампањата #ПоврзаниВоКриза;

-одржува конзистентен визуелен идентитет во текот на реализацијата на кампањата;

  • Графички дизајнер за публикацијата од истражувањето треба да:

-изработи визуелна подготовка и техничко уредување на извештај од истражување;

-креира графички прикази, фотографии и инфографици за полесна комуникација на наодите;

-обезбеди професионален изглед и дигитална достапност на публикацијата;

  • За брендинг на проектот треба да:

-развие визуелен идентитет на проектот/кампањата (лого, бојни палети, графички елементи);

-изработи шаблони за објави и промотивни материјали;

-воспостави унифицирани визуелни стандарди за користење од сите партнери, при тоа водејќи се според прирачникот од Цивика мобилитас

-обезбеди препознатливост и професионален изглед на сите комуникациски производи;

Потребни квалификации

  • Минимум 2 години релевантно искуство во графички дизајн;
  • Искуство во подготовка на публикации (извештаи, прирачници, документи);
  • Познавање на алатки како Adobe Illustrator, Photoshop, InDesign или слични;
  • Искуство во креирање визуели за социјални медиуми и кампањи;
  • Креативност, прецизност и почитување на рокови;
  • Добри комуникациски и организациски вештини;
  • Познавање на македонски јазик (познавање на англиски јазик ќе се смета за предност).

Времетраење

Ангажманот ќе се реализира во периодот од 10 месеци во 2026 година, од 15.02.2026 до 31.12.2026.

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (CV)
  • Портфолио со претходни дизајнерски решенија
  • Финансиска понуда

Апликациите се доставуваат електронски на:

 info@youthcan.org.mk со назнака: „Понуда за графички дизајнер“ или по пошта/лично во канцелариите на Младите можат на адреса:​ бул. Илинден бр. 47, Скопје 

Рок за аплицирање: 10.02.2026 16h

Дополнителни информации:

Сите продукти и резултати од ангажманот ќе бидат сопственост на Младите можат и не смеат да се користат или дистрибуираат без претходна писмена согласност.

За дополнителни информации:info@youthcan.org.mk