Фотограф/видео едитор за потребите на проектот „Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“
Здружението на граѓани Младите можат, во партнерство со ЗГ Супортко Кочани, објавува повик за ангажирање на надворешен соработник – фотограф/видео едитор, во рамки на проектот:
„Поврзани во криза: Млади што градат отпорност и заедништво“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
За проектот
Проектот има за цел да придонесе кон развој и институционализација на национален модел за младинскоуправување со кризи, преку зајакнување на соработката меѓумладинските центри, граѓанските организации и релевантнитеинституции.
Во рамки на проектот ќе се развие Национален протокол за управување со кризни ситуации кај млади, како системско решение за превенција, реакција и психосоцијална поддршка.
Активностите се реализираат на национално ниво, со фокус на Скопје, Кочани, Гостивар, Струмица и Битола.
Опис на ангажманот
Фотографот/видео едиторот ќе биде ангажиран/а во рамки напроектните активности. Од избраниот кандидат се очекува да:
• Фотограф/видео едитор се очекува да:
-сними, монтира и изработува краток промотивен видеоматеријал од завршната национална конференција;
-обезбедува материјал кој ќе се користи за јавнапромоција, видливост на резултатите и документацијана клучните пораки и препораки кон институциите;
• Фотограф/видео едитор се очекува да обезбедисимулациски активности (кампања) како што се:
-документирање симулациски активности прекуфотографија и видео;
-изработка на кратко видео за јавна промоција и едукација;
-подготовка на материјали кои ќе бидат вклучени вофиналната кампања
• Фотограф/видео едитор исто така треба да:
-ја документира целосната симулација преку фотографијаи видео;
-креира материјали за јавна комуникација и промоција нарезултатите;
-изработува видео материјали за видливост на проектот и нивна употреба како едукативен ресурс во идни обуки;
Потребни квалификации
• Минимум 2 години искуство во фотографија и видео монтажа;
• Искуство во снимање и обработка на настани, конференции и едукативни активности;
• Познавање на алатки за видео монтажа (Adobe Premiere Pro, After Effects или слични);
• Способност за раскажување приказни преку визуелни материјали;
• Креативност, прецизност и почитување на рокови;
• Добри комуникациски и организациски вештини;
• Познавање на македонски јазик (познавање на англиски јазик ќе се смета за предност).
Времетраење
Ангажманот ќе се реализира во периодот од 10 месеци од 15.02.2026 до 31.12.2026 година.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
• Кратка биографија (CV)
• Портфолио (фотографии и/или видео материјали)
• Кратко мотивациско писмо
• Финансиска понуда
Апликациите се доставуваат електронски на:
info@youthcan.org.mk со назнака: „Понуда за фотограф/видеоедитор“ или по пошта лично во канцелариите на Младите можат на адреса:бул. Илинден бр. 47, Скопје
Рок за аплицирање: 10.02.2026
Дополнителни информации:
Сите продукти и резултати од ангажманот ќе бидат сопственост на Младите можат и не смеат да се користат или дистрибуираат без претходна писмена согласност.
За дополнителни информации: